logo
logo
logo

ПОЛУВРЕМЕ ВО ПЕРМ: Македонија има двоцифрена негатива против Русија

Vecer | 19.02.2021

ПОЛУВРЕМЕ ВО ПЕРМ: Македонија има двоцифрена негатива против Русија

Македонската кошаркарска репрезентација на полувремето против Русија има негатива од 33-51. Овој резултат не им оди во прилог на „црвено-жолтите“ во битката за место на ЕП 2022 година, ако се земе во предвид дека Естонија ја победи Италија.

Избраниците на Александар Тодоров добро го почнаа мечот, со серија од 7-0 поведоа со 9-5 во 4:30 минута, потоа со две тројки на Војдан одржуваа позитива од два поени. На спортивната страна, Русија носена на крилата на Боломбој фати ритам. Поведе со 19-15 и 21-26.

Русите на застанаа, на стартот на втората четвртина дојдоа на плус девет (21-30, веќе во 14. минута Македонија имаше двоцифрена негатива 27-37. Не одеше ништо во нашиот состав, противникот ја користеше секоја наша грешка, беше 29-47 во 18. минута.

Најдобриот кошаркар од дуелот со Италија, Ненад Димитријевиќ првите поени ги постигна кон крајот на полувремето. Војдан Стојановски со 10 поени е прв стрелец, Вајли има два помалку, Трајковски е стрелец на седум поени.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk