logo
logo
logo

Полувреме во Ѓорче (1:1): „Лавовите“ и “пандевци“ во битка, Ферати прво “тресеше“ па потоа доби црвен

Vecer | 06.04.2021

Полувреме во Ѓорче (1:1): „Лавовите“ и “пандевци“ во битка, Ферати прво “тресеше“ па потоа доби црвен

По првите 45.минута од првото полуфинале во Купот на Македонија, Македонија ЃП и Академија Пандев играат 1:1. Интересно полувреме, со повеќе шанси и два гола, но и црвен картон.

Поведоа гостите со голот на Ферати во 14.минута, кога младиот играч за врска од 14-15 метри го лобуваше домашниот голман. Следуваа два удари на Робсон да Силва, но малку среќата, но малку и голманот Јовановски не дозволија израмнување. И така беше се до 31.минута кога Ајрулаху прво убаво си се намести за шут, за да потоа и прекрасниот гол за 1:1.

Проблемите да бидат поголеми за “пандевци“ е тоа што во 34.минута Ферати по фаулот над Ајрулаху, доби втор жолт, односно црвен картон, па така гостите останаа со играч помалку.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk