logo
logo
logo

ПОЛУВРЕМЕ: Вардар добро се држи против Кил

Vecer | 02.12.2021

ПОЛУВРЕМЕ: Вардар добро се држи против Кил

Вардар 1961 добро се држи на гостувањето кај Кил, по првото полувреме има негатива од два гола 18-16. Македонскиот првак имаше негатива од пет гола, но успеа да се врати на време. Момците на Веселин Вујовиќ делуваат достојно, посигурно, одбраната е далеку подобра.

Кудуз со шест гола од исто толку обиди е прв стрелец, по два гола имаат Дибиров, Талески и Моралес. Томовски има шест интервенции.

Со по две одбрани на Ландин и Томовски почна дуелот од деветото коло во ЛШ. Вардар 1961 прв го отвори мечот преку Кудуз за 0-1. Позитивата од еден гол ја одржуваше до деветата минута (4-5),по која нападот застана. На другата страна германската машина брзо казни, со серија од 7-1 поведе со 11-6 на средината на првото полувреме.

Веселин Вујовиќ повика тајм-аут, по кој македонскиот тим се врати на голема врата. Со три гола и интервенција на Томовски негативата беше 11-9. Вардар 1961 ја стегна одбраната, Томовски влезе во серија, расположениот Кудуз со својот петти погодок намали на 12-11 на десет минути до крајот. Не застанаа „цврено-црните“, со голот на Тото израмнија на 13-13, по што Филип Јиха беше принуден да повика тајм-аут.

Кил со играч помалку успеа да се снајде и да дојде на плус два (15-13). Оваа позитива домашниот состав успеа да ја сочува на одморот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk