logo
logo
logo

Полувреме: Хрватска-Италија 0:0, Албанија губи од Шпанија

Vecer | 24.06.2024

Полувреме: Хрватска-Италија 0:0, Албанија губи од Шпанија

Без погодоци во првото полувреме на мечот меѓу Хрватска и Италија во Лајпциг. „Аѕурите“ подобри на теренот, Хрватите некако во подредена улога. Во вториот дел ќе мора да запнат затоа што им треба победа за пласман во следната фаза, во случај на реми ќе треба да чекаат поволен исход од натпреварите во другите групи. Со пораз испаѓаат.
А Албанија по првите 45 минута губи од Шпанија со 0:1. Голот го постигна Феран Торес во 13 минута (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ). Албанија можеше да изедначи во 45 минута но шутот на Кристијан Аслани го одбрани Давид Реја.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk