logo
logo
logo

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ПРОТИВ ЗЛАТАН И ЛУКАКУ!

Vecer | 01.02.2021

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ПРОТИВ ЗЛАТАН И ЛУКАКУ!

И дефинитивно Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку се во проблеми. По се она што се случуваше меѓу нив двајца на последното миланско дерби меѓу Милан и Интер, денеска од Италија вест дека Обвинителството на Фудбалскиот сојуз на Италија, покренува истрага против двајцата.

Обвинителот Џузепе Чинеа го повикал главниот судија на тој меч Паоло Валери, да му објасни лично што се се случувало меѓи нив двајцата во инцидентот кој беше топ – тема неколку денови во светот на фудбалот.

Засега Златан и Лукаку се суспендирани на по еден меч. Во случај обвинителот да пронајде нешто што може да ги инкриминира двајцата, тогаш Златан и Лукаку се соочуваат со драконска казна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk