logo
logo
logo

Покетино: Не покажуваме непочитување кон Барселона за Меси

Vecer | 11.02.2021

Покетино: Не покажуваме непочитување кон Барселона за Меси

Веќе извесно време од таборот на ПСЖ се слушаат изјави дека “светците“ го сакаат Лео Меси, дека е добредојден, дека тоа е најдобриот клуб за него. Ова секако дека ги нервира сите во Барселона, па од таму и реакциите на каталонците дека Меси се уште е нивни играч и дека со тие изјави ПСЖ покажува непочитување кон клубот од Каталонија.

На ова свој коментар има Маурицио Покетино, кој застана во одбрана на директоро Леонардо, играчите Нејмар, Ди Марија, Паредес и останатите кои го коментираа евенуалниот трансфер на Меси во ПСЖ.

Ние не покажуваме непочитување кон Барселона. Кога еден играч говори за друг, тоа го прави од респект, наклонетост, возбуда и пријателство со него. Јас не гледам ништо лошо во тоа, во ниту еден момент не е тоа од непочитување. Играчите можат да кажат што сакаат, тие се предизвикани од своите чувства, исто како нивните колеги од Реал Мадрид или Барселона. Тие може да говорат за нивните колеги од другите клубови“ изјави Покетино.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk