logo
logo
logo

Почина прославениот хрватски фудбалер и тренер, Златко Крањчар

Vecer | 01.03.2021

Почина прославениот хрватски фудбалер и тренер, Златко Крањчар

Денеска во 64. година од животот почина прославениот хрватски фудбалер и тренер, Златко Цицо Крањчар. Прославениот хрватски фудбалер и поранешен хрватски тренер почина по кратко и тешко боледување.

Крањчар ја започна својата професионална играчка кариера во 1973 година во Динамо Загреб, каде играше до 1983 година. Тој беше врвен центарфор и стрелец, и постигна 98 голови за Динамо на 261 одигран натпревар. Потоа се пресели во Виена во дресот на Рапид, каде стана легенда на клубот во кој остана до 1990 година.

За репрезентацијата на поранешна Југославија играше 11 пати и постигна три гола. Тој беше и еден од членовите на хрватската репрезентација кој го одигра првиот натпревар по осамостојувањето во 1990 година против САД.

Како тренер, тој ќе остане запаметен по шампионската генерација на Загреб во 2002 година, со која сензационално ја освои домашната титула. Селекцијата на Хрватска ја предводеше од 2004 до 2006 година и настапи на СП.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk