logo
logo
logo

По ремито на Сити: И официјално – АРСЕНАЛ Е ШАМПИОН!

Vecer | 19.05.2026

По ремито на Сити: И официјално – АРСЕНАЛ Е ШАМПИОН!

ФОТО:.facebook.com/Arsenal/

Борнмут – Манчестер Сити 1:1 во меч од 37.коло во Премиерлигата. А тоа значи дека од вечерва и официјално Арсенал е шампион во најсилната лига во светот за сезоната 2025/26. На коло до крајот има +4 бода пред Сити.

Готово е готово. Северен Лондон може да слави по повеќе од две децении нова титула или по точно 22 години. Оваа е 14-та и прва титула после ерата на Арсен Венгер.

Ете, конечно и Микел Артета го години и години освојувани втори места, од вечерва е шампионски тренер. Во последното коло нема да има неизвесности. На мечот со Кристал Палас, тимот на Арсенал ќе го добие трофејот.

Манчестер Сити за првпат во ерата на Пеп Гвардиола, ера која завршува сезонава, губи на ваков начин титула, во претпоследното коло, но за се има крај.

Оваа сезона Арсенал сепак беше најдобар во Премиерлигата а на 20 мај во Будимпешта ќе игра и во финалето во ЛШ против ПСЖ, шанса да се освои и „ушлето“, со што би ја направил оваа 2025/26 најдобра во историјата на клубот од Емирејтс.

Да, Борнмут одигра реми вечерва со фантастичниот гол на Крупи, новата ѕвезда на светскиот фудбал, во таа 39.минута. Халанд израмни во 95.минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk