logo
logo
logo

По 26 години во Јужна Кореја за првпат клубовите ќе можат да имаат странски голмани!

Vecer | 21.06.2025

По 26 години во Јужна Кореја за првпат клубовите ќе можат да имаат странски голмани!

Во Јужна Кореја се укинува многу чудно правило. Во текот на изминатите 26 сезони, клубовите од највисоката лига, К-лигата, имаа можност да користат само голмани со јужнокорејски пасоши, но во иднина ќе има дозвола за ангажман на голмани и од странство.

„Зголемувањето на бројот на клубови значи дека има доволно можности домашните голмани да добијат време за играње, дури и ако на странските голмани им е дозволено да играат“, се вели во соопштението на Корејската федерација.

„Го зедовме предвид фактот дека кога регистрацијата на странски играчи е ограничена, стапката на зголемување на платите за домашните голмани е непропорционално зголемена во споредба со играчите на теренот. Јужнокорејските голмани добиваат превисока плата затоа што едноставно имало премалку избор. Тоа сега се менува, па од претстојната сезона ќе биде можно клубовите од К-лигата да користат и странци на голот“, дополнија од Федерацијата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk