logo
logo
logo

ПЛ го одби барањето на Сити за одложување на два меча! Гвардиола: Многу ви БЛАГОДАРАМ!

Vecer | 05.10.2024

ПЛ го одби барањето на Сити за одложување на два меча! Гвардиола: Многу ви БЛАГОДАРАМ!

Раководството на Премиер-лигата го одби барањето на Манчестер Сити за одложуање на две средби и тоа за наредната 2025/26 сезона. Имено “граѓабите“ побараа одложување на натпреварите од првите две кола поради тоа што следното лето ќе се одржи Светското клупско првенство на кое ќе учествува и Челзи.

Сепак тоа барање не беше прифатено.

На ова свој коментар имаше секако и менаџерот на Манлчестер Сити, Пеп Гвардиола:

Премиер-лигата не ни дозволи да ги одложиме тие први натпревари од следната сезона, целта беше да имаме што повеќе денови за одмор. Можам да кажам само многу ви благодарам. Што да кажам друго? Со тоа првенство и онака згуснатиот распоред ќе биде уште понапорен“ истакна Гвардиола во нему својствен стил.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk