logo
logo
logo

Пирло: Има некои детали кои младите играчи не ги разбираат

Vecer | 28.02.2021

Пирло: Има некои детали кои младите играчи не ги разбираат

Јувентус направи уште еден кикс и е на пат да ја загуби титулата. Интер лета со сиот свој потенцијал кон „скудетото“, а „Старата дама“ сезонава заостанува. Вчерашното реми 1:1 против Верона ги истакна проблемите.

Знаевме дека мечот ќе биде тежок, а ремито со сигурност е разочарувачки резултат за нас. Најтешко беше да поведеме, но тоа го направивме. За жал, има мали детали кои младите фудбалери се уште не ги разбираат. Тоа како и недостатокот на искуство, нè чинеа изгубени бодови“, коментира Пирло.

Кога го отворивме резултатот, моравме да бидеме фокусирани. Помладите сметаа дека штом поведовме лесно ќе оствариме победа. Им реков на Роналдо и Алекс Сандро да ги посоветуваат но тоа не помогна. Размислував да продолжам со четворица во одбрана но немав добри опции од клупата. По еден час игра, некои момци веќе беа уморни, но тоа беше очекувано“, призна тренерот на Јувентус.

Кога престанавме да притискаме, се отвори повеќе простор за Верона. Тоа е тим кој ве присилува да потрошите многу енергија, а ние играме натпревари на секои три дена и не сме доволно свежи“, додаде Пирло.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk