logo
logo
logo

Пикси за СПОРТМЕДИА: Македонија ги има нашите симпатии!

Vecer | 12.06.2021

Пикси за СПОРТМЕДИА: Македонија ги има нашите симпатии!

Од Белград, Небојша Петровиќ за Спортмедиа

Драган Стојковиќ Пикси, актуелниот селектор на нашиот северен сосед и еден од најдобрите фудбалери во историјата на овие простори, ексклузивно за СПОРТМЕДИА говори за ЕП и за Македонија.

Разговорот го водеше нашиот колега од Белград, Небојша Петровиќ. 

Ако можеме да навиваме, секако дека ќе навиваме за Македонија. Таа репрезентација ќе ги има нашите симпатии. Барем моите симпатии. Горан Пандев и другарите направија навистина огромен подвиг и убаво е што ќе ги видиме ншите соседи на најголемата смотра на европскиот репрезентативен фудбал“ потенцира српскиот селектор.

Тој вели дека ова е голем успех за Македонија, за нашата репрезентација…

Самиот факт дека Македонија ќе биде меѓу 24 најдобри репрезентации во Европа е голем успех, но можат да направат уште некое изненадувања. Не верувам баш дека оваа репрезентација ќе биде лесен залак за останатите“.

Пикси продолжува со тоа дека групата Ц е по мерка…

Имаат група по мерка., сите три селекции (Австрија, Украина и Холандија) би можеле да имаат доста проблеми со Македонија. Кој ќе мисли дека ќе мине лесно со Македонија, мислам дека ќе направи голема грешка“ заврши Стојковиќ.

Пикси беше последниот херој на Македонија од времето на Југославија, кога беше предводник на генерацијата со Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ на Мундијалот во Италија 1990 година. Тој важи за еден од најголемите фудбалски икони на овие простори. 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk