logo
logo
logo

Пикфорд си напишал „домашна“

Vecer | 06.07.2024

Пикфорд си напишал „домашна“

Англискиот голман Џордан Пикфорд не оставаше ништо на случајноста, па се спремаше и за пеналите против Швајцарија. Си ја одработил својата домашна задача, ги запишал имињата на сите репрезентативци на Швајцарија и на тоа како ги изведуваат пеналите.
Пикфорд одбрани еден пенал, шутот на Аканџи во првата серија. За Аканџи запишал доле лево, токму така и одбрани. Додуша и шутот на Швајцарецот беше лош…
Англија ги погоди сите пенали и победи со 5:3.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk