logo
logo
logo

Пике по дебаклот од Баерн: Ова е нашата реалност

Vecer | 15.09.2021

Пике по дебаклот од Баерн: Ова е нашата реалност

Во првото коло од Лигата на шампиони, Барселона е поразена од Баерн со 3-0 на домашен терен, без ниту еден заканувачки удар кон голот на противникот.

Жерард Пике по натпреварот беше помалку разочаран, констатира дека каталонскиот гигант не е меѓу фаворитите оваа сезона, но потсети дека и Челзи не беше, па на крајот успеа да дојде до титула.

„Резултатот е висок, тешко е кога дома ќе изгубите вака. Во првото полувреме бевме компетитивни, но потоа се промени текот. Голот за 2-0 не погоди. Во игра влегоа 18-годишни фудбалери, овој тим покажа лице и се бореше. Така е како што е, се надевам дека ќе доведеме уште играчи. Ова е комплицирана година за нас. Баерн беше многу подобар

Во овој момент не сме меѓу фаворитите. Порано бевме, па не успеавме. Минатата сезона никој не го сметаше Челзи за фаворит. Баерн со години е заедно, има искуство. Ние пак имаме четири до пет 18 годишини фудбалери. Тоа е нашата реалност. Ова не е алиби, ние сме Барса и ќе видиме како ќе биде до крајот на сезоната“, изјави за „Марка“, Пике.

Следниот меч во ЛШ, Барселона го игра на гости кај Бенфика.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk