Актуелниот селектор на Швајцарија, Владимир Петковиќ ќе биде тренер на Фенербахче.

Турскиот клуб начелно има договор со Петковиќ, а се чека крајот на Европското првенство каде што Швајцарија игра против Шпанија во 1/4 финалето. Веднаш штом ќе биде елиминирана, Петковиќ ќе се упати кон Истанбул на официјализација на договорот.

Иако некои медиуми го споменуваа и Игор Ангеловски, сепак, Мрме е далеку од клупата на турскиот гигант.

sportmedia.mk