logo
logo
logo

Периќ: Горд сум на екипата!

Vecer | 16.02.2021

Периќ: Горд сум на екипата!

Е. Пелистер во квалитетна претстава вечерва во Битола извојуваше голема победа од 32:31 против фаворизираниот ГОГ Гудме.

Јосип Периќ, бекот на Е. Пелистер, кој одигра одлично, постигна седум голови, едноставно блескаше, даде свое видување после натпреварот против ГОГ Гудме.

Знаевме против кого играме, се подготвувме. Ова за нас е голема победа, и покрај тоа што во нашиот состав недостасуваа голем број ракометари ние сепак победивме. Сметам дека ова е нашата најголема победа во Европската лига. Да, многу сум горд на целата екипа, среќен по победа. Просто уживав“ посочи ракометарот на битолчани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk