logo
logo
logo

Партизан доби УЕФА лиценца: “Му благодариме на претседателот Вучиќ и државата Србија“!

Vecer | 31.03.2023

Партизан доби УЕФА лиценца: “Му благодариме на претседателот Вучиќ и државата Србија“!

Нема веќе дилеми, нема веќе опасност за Партизан да не игра следната сезона во фудбалска Европа. Имено попладнево и официјално е потврдено дека се стекнати потребните услови, а за тоа се “виновни“ највисоките инстанци во државата, пред се претседателот Александар Вучиќ, кој се заложил Партизан да ги добие потребните пари и со тоа да може да ја добие УЕФА лиценцата.

Ова го кажа попладнево првиот човек на ФК Партизан, Милорад Вучелиќ, кој денеска на Собранието на клубот си понуди и оставка:

Сакам да ве израдувам. Денеска се стекнаа сите услови Партизан да ја добие лиценцата. Сакам јавно, од срце, да му се заблагодарам на претседателот Вучиќ и секако на државата Србија, кои и тоа како помогнаа да се реши нашиот проблем“ рече покрај другото Вучелиќ.

Ова по малку доаѓа како сензација ако се знае дека Вучиќ не крие дека е голем фан на Ц. Звезда, вечниот ривал на Партизан, но и ако се знае дека фановите на “црно – белите“ постојано скандираат…“Вучиќ, пе*ер“.

Навистина чудни работи се случуваат во Србија, барем кога е фудбалот во прашање.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk