logo
logo
logo

Пандев: Уште не сме свесни што направивме во Дуизбург

Vecer | 16.04.2021

Пандев: Уште не сме свесни што направивме во Дуизбург

Македонскиот капитен Горан Пандев, за клупската телевизија на Џенова, зборуваше за настапите во Серија „А“, за неговите најдраги голови, за пласманот на ЕП, за победата над Германија, како и за плановите за пензија.

Тој спомена три голови кои му биле најдраги во кариерата:

„Голот за Џенова против Верона, потоа кога ги поминав Канаваро и Турам и го совладав Буфон, и еден гол против Јувентус во дресот на Наполи“, вели Пандев.

За победата над Германија, тој истакна дека и натаму не е свесен што направиле.

„И натаму не можеме да поверуваме веруваме што направивме во Дуизбург. Германците дваесет години немаа загубено квалификациски натпревар на домашен терен. Ниту ние, ниту нашите навивачи не сме свесни што остваривме.“, изјави Пандев.

Околу неговите идни планови, тој истакна дека е неодлучен, односно не знае што ќе работи по завршувањето на кариерата. Но, најави дека ќе остане во фудбалот.

„Малку сум неодлучен, не знам што ќе работам по завршување на кариерата. Сакам повеќе да се посветам на фамилијата, тоа е сигурно. Да патуваме, да бидеме долго време заедно. Ќе останам во фудбалот, тоа е единственото нешто што знам да ја работам“, рече Пандев.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk