logo
logo
logo

Пандев пред финалето во ЛШ: Убеден сум дека Интер може да го победи Сити!

Vecer | 08.06.2023

Пандев пред финалето во ЛШ: Убеден сум дека Интер може да го победи Сити!

Во сабота во Истанбул на стадионот „Ататурк“ се игра големото финале во ЛШ меѓу Интер и Манчестер Сити. Па така Горан Гранде Пандев, како член на шампионскиот Интер од 2010 година коа овој тим со Жозе Мурињо стана европски првак и ја освои “триплетата“, е баран од европските медиуми да го каже своето мислење:

Да, на хартија Сити е фаворит, но јас сум убеден дека Интер може да му направи проблеми на англискиот шампион и убеден сум дека може да победи во ова финале. Да не не излажат оние 4:0 за Сити против Реал. Сега ќе се игра еден натпревар и тоа на неутрален терен, сега притисокот е поголем и тоа како. Познато е како Сити ќе игра, на Интер ќе му треба да биде максимално физички подготвен за да го издржи тоа темпо кое противникот ќе го наметне“ рече покрај другото некогашниот ас на Интер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk