logo
logo
logo

Пандев: ФФМ СТАНА ПРИВАТНА ФЕДЕРАЦИЈА

Vecer | 30.09.2022

Пандев: ФФМ СТАНА ПРИВАТНА ФЕДЕРАЦИЈА

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев уште еднаш го искажа своето негативно мислење за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Лидерот на репрезентацијата во изјава за „Студио 10“ на ТВ 24 меѓу редови потенцира дека не му е баш сеедно што беше игнориран од луѓето кои го предводат македонскиот фудбал, за кои смета дека треба да бидат сменети.

Луѓето ја препознаваат мојата вредност, иако има и такви кои ја игнорираат Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа. ФФМ стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација туку и ќе назадуваме, изјави Пандев.

Големиот фудбалер смета дека во македонскиот фудбал има премногу политика, што влијае и врз резултатите.

Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во сѐ има политика. Веројатно затоа играчите и заминуваат. Но, таа атмосфера ја создава ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа. Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот, дополнува Пандев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk