logo
logo
logo

Пандев досега двапати ги “тресел“ Холанѓаните! (ВИДЕО)

Vecer | 21.06.2021

Пандев досега двапати ги “тресел“ Холанѓаните! (ВИДЕО)

Вечерва од 18 часот на “Јохан Кројф Арената“ во Амстердам, Горан Пандев за последен пат ќе го носи дресот на нашата фудбалска репрезентација. Вчера на официјалниот прес во пресрет на последниот меч на Македонија на ова ЕУРО, капитенот најави дека против Холандија ќе се прости од репрезентацијата.

И кога е веќе така, тогаш неговите колеги треба да направат се тоа простување да мине незаборавно, да се обидат заедно со него да дојдат до позитивен резултат.

Кога сме кај мечевите со Холандија, досега низ нашата фудбалска историја сме играле во четири наврати. Двапати било нерешено и двапати сме поразени. Сме постигнале три гола, од кои два биле дело на Горан Пандев.

Незаборавно беше на 9 октомври 2004 година во Скопје, кога на тогашниот Градски одигравме 2:2, а стрелци на головите беа Пандев и Стојков.

Исто незаборавно беше и во Амстердам на 12 октомври 2005 година, исто квалификациски меч за СП. Тогаш со младиот Пандев во тимот ние одигравме 0:0. Овие две ремија се едни од нашите највредни резултати во нашата репрезентативна историја.

Пандев гол даде и на мечот на 10 септември 2008 година, квалификациски за СП, кога дома загубивме од Холандија со 1:2. Играше и во четвртиот меч со Холанѓаните, кога загубивме со 0:4 во Амстердам на 1 април 2009 година.

Па убаво ќе биде Пандев во својот последен меч за Македонија уште барем еднаш да го затресе европскиот фудбалски великан.

На видеото голот на Пандев на мечот кој заврши 2:2, можете да го видите во 7.15 минута.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=j8Dk6bmxQo8[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk