logo
logo
logo

ОВЦИ ГО ИСЕЛИЈА РОНАЛДО од новата вила во Манчестер

Vecer | 16.09.2021

ОВЦИ ГО ИСЕЛИЈА РОНАЛДО од новата вила во Манчестер

Кристијано Роналдо неодамна потпиша за Манчестер Јунајтед. Неговата нова вила веднаш се најде по медиумите, но по една недела се преселил во друга куќа.

Роналдо се пресели со сопругата Георгина Родригез и децата бидејќи им пречеше бучавата што ја прават овците, пишува „The Sun“.

Се плашеше и за сопствената безбедност.

„Иако имотот е прекрасен и се наоѓа помеѓу бројни полиња и шуми, во близина има стадо овци што е многу бучно рано наутро. Имаше и јавна пешачка патека, како и патека со поглед на неговата влезна врата. Роналдо е вистински професионалец, кому му треба квалитетен одмор и закрепнување по натпреварите, па заклучи дека е најдобро за него и за неговото семејство да се преселат“, вели изворот.

Нивниот нов дом има базен, кино сала и гаража каде можат да се паркираат четири автомобили. Имотот е обезбеден со надзорни камери и електрична влезна врата, па затоа е под постојан надзор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk