Со трансферот од Атлетико Мадрид во Милан, кој беше платен 13 милиони евра, Алваро Мората стана петтиот најскап играч во историјата на фудбалот по вкупната вредност на платеното обештетување.
Збирно клубовите за неговите трансфери (Јувентус, Реал, Челзи, Атлетико и Милан) за него платија вкупно 202 милиони евра.
На врвот на таа листа е Нејмар. Неговите трансфери ги чинеа клубовите вкупно 400 милиони евра.
Летото 2013 Барселона му плати 88 милиони евра на Сантос за неговиот потпис, во 2017 година ПСЖ за неговиот трансфер издвои рекордна сума во историјата на фудбалот (222 милиони евра), а лани Ал Хилал го донесе за 90 милиони.
Интересно е името на второпласираниот фудбалер по вкупно обештетување - Ромелу Лукаку!
За неговите трансфери се платени неверојатни 339 милиони евра, од кои дури 128 милиони евра отпаѓаат на Челзи, кој двапати плати обештетување за белгискиот напаѓач.
Во дури три наврати клубовите платиле огромни суми за Лукаку - Манчестер Јунајтед во 2017 година му плати на Евертон 84,7 милиони евра, две години подоцна беше префрлен во Интер за 74 милиони, а во летото 2022 година Челзи плати исто толку како 113 за неговото враќање на Стемфорд Бриџ.
На третото место по вкупната сума на платеното обештетување е Кристијано Роналдо, чии трансфери чинат вкупно 247 милиони евра, а приближно половина од таа сума се однесува на неговиот трансфер од Реал во Јувентус за 117 милиони.
Четврти на таа листа е Усман Дембеле, чии трансфери чинат 220 милиони евра, најмногу при неговото пристигнување од Борусија Дортмунд во Барселона за цели 135 милиони евра во летото 2017 година, што е сепак третото најголемо обештетување платено во историјата на фудбалот.
Зад Мората на листата на најскапи играчи во фудбалската историја е Антоан Гризман.
Неговите трансфери збирно чинат 182 милиони евра (од кои 120 милиони се за неговиот трансфер од Атлетико во Барселона, кој чинеше 120 милиони).
Отштета за Килијан Мбапе е платена само еднаш, кога ПСЖ му плати 180 милиони евра на Монако, но и тој трансфер го става на седмото место според висината на исплатената отштета.
Иста бројка, но пет трансфери, клубовите колективно платија за Филипе Кутињо.
Секако, најголемиот дел се однесува на неговиот трансфер од Ливерпул во Барселона за 135 милиони евра во јануари 2018.
Анхел Ди Марија ја продолжува листата со вкупно 179 милиони уплатени за неговите трансфери, а Топ 10 ја заклучува Златан Ибрахимовиќ. чие обештетување при трансферите од клуб во клуб изнесуваше 169 милиони евра.
Најголем дел од таа сума се однесува на неговиот трансфер од Интер во Барселона во летото 2009 година, кој изнесува 69,6 милиони евра.
Еден од најголемите во историјата на играта, Лионел Меси, очекувано го нема на оваа или слични списоци.
Со оглед на тоа што целата кариера ја помина во Барселона пред на 35-годишна возраст да се пресели во Мајами, за неговото обештетување не е платено ниту едно евро.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата