logo
logo
logo

Отфрлен од Саутемптон, па од четврта лига до ЕП со Англија за 4 години

Vecer | 08.06.2021

Отфрлен од Саутемптон, па од четврта лига до ЕП со Англија за 4 години

Повредата на Трет Александер го принуди англискиот селектор Герет Саутгејт да повика негова замена. Изборот падна на централниот бек на Брајтон, Бен Вајт кој патува на Европско првенство. Вајт, е малку познат фудбалер за нас со оглед дека ретко кој гледа натпревари на Брајтон во Премиер лигата. Но ова 23-годишно момче, досега запиша само два настапи и двата оваа година – пријателски против Австрија и против Романија.

Вајт ја почна кариерата во младинската школа на Саутемптон, но бил отфрлен од таму. Клубот не сакал да го задржи, па мајката на Бен „потегнала“ врски по клубовите да го запише својот син. Брајтон излегол во пресрет. Во 2014 година Вајт влегува во школата на овој клуб од југот на Англија.

По две години во младинските категории дошло време за прекомандување во А тимот. Но Брајтон одлучиле да го позајмат и тоа во четвртолигашот Њупорт Каунти за сезоната 2017/18. Наредната година кратка позајмица во Питерборо, па уште една сезона во Лидс Јунајтед (2019/20).

За првиот тим на Брајтон заигра дури оваа сезона – одигра 36 натпревари во Премиер лигата, а вкупно 39 во цела сезона. Раководството и тренерите на клубот, конечно, се уверија во неговите квалитети. Неговиот потенцијал го забележа и Герет Саутгејт кој го повика во англискиот национален тим. Сега се отвори и вратата за ЕП. Бен Вајт се најде во ростерот. Ќе видиме како понатаму…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk