logo
logo
logo

Олисе покажа дека е генијалец за победа на Франција, и Холандија победи со гол од пенал во 90+8.минута!

Vecer | 08.06.2026

Олисе покажа дека е генијалец за победа на Франција, и Холандија победи со гол од пенал во 90+8.минута!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/

Вечерва се одиграа две пријателски средби на кои настапија и тоа како силни селекции, кои важат за фаворити на претстојното СП 2026.

Франција во Лил, на последната контрола пред патувањето на Мундијалот, со 3:1 славеше против С. Ирска. Сите три гола беа дело на фантастичниот Мајкл Олисе, посебно убав беше последниот.

Нема што, Олисе е фудбалски генијалец. За разлика од него Килијан Мбапе иако имаше неколку шанси, сепак не успеа да се запише во листата на стрелците. Инаку пред мечот, барем според медиумите во Франција, имало мала расправа меѓу Мбапе и Дембеле, во кој овој вториот му напоменал на капитенот дека мора повеќе да игра и одбрана.

Холандија славеше со 2:1 против Узбекистан. Стрелец на двата гола беше Коди Гакпо и двата од пенал, а вториот во 90+8.минута.

Пред овој меч дојде лоша вест за сите во таборот на “лалињата“, со оглед на тоа дека се повреди Тимбер, еден од клучните играчи на селекторот Куман.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk