logo
logo
logo

ОФИЦИЈАЛНО: Милан и Пиоли ја раскинаа соработката

Vecer | 24.05.2024

ОФИЦИЈАЛНО: Милан и Пиоли ја раскинаа соработката

Заврши авантурата на Стефано Пиоли на клупата на Милан. Денеска стигна очекуваното официјално соопштение за медиумите во кое и клубот ја најавува завршената соработка.

Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Милан, па така, утрешниот натпревар против Салернитана ќе биде негов последен меч на клупата на „росонерите“.

„Милан и Стефано Пиоли соопштуваат дека нема да продолжат заедно следната сезона, со намера да го прекинат професионалниот однос кој ги поврзува од октомври 2019 година“, пишува во официјалното соопштение за медиумите.

„Милан срдечно му се заблагодарува на Стефано Пиоли, и на целиот негов персонал, што го водеа првиот тим во овие пет години, го донесоа Скудето што ќе остане незаборавно и што го вратија Милан на најважните европски натпреварувања“, дополнуваат од клубот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk