Она што се најавуваше, од вечерва е и официјално. Легендарниот фудбалер на Барселона и некогашен репрезентативец на Барселона, Хавиер Маскерано е нов шеф на струката во Интер Мајами. Ова значи дека Маскерано е новиот тренер на Лео Меси, и ова значи дека најдобриот фудбалер во историјата за тренер го доби неговиот голем пријател. Да се потсетиме дека Маскерано, заедно со Меси, беше дел од легендарниот состав на Барселона од 2010 до 2018 година. Маскерано со Барса освои трофеио во ЛШ и во Ла Лига.
Секако дека со ова се зголемува колонијата во Интер од некогашни играчи на Барса. Меси, Маскерано, Суарез, Бускетс, Алба…