logo
logo
logo

Официјално: Леони од Парма е нов фудбалер на Ливерпул

Vecer | 15.08.2025

Официјално: Леони од Парма е нов фудбалер на Ливерпул

фото: Liverpool FC (X)

Џовани Леони од денеска и официјално е ново дефанзивно засилување за Ливерпул. „Црвените“ потпишаа со 18-годишниот дефанзивец на Парма за 35 милиони евра, со договор кој ќе биде со важност до 2031 година. Леони ќе го носи дресот со број 15 во новата сезона на „црвените“.

Минатата сезона, Леони одигра 17 натпревари во Серија А за Парма и постигна еден гол. По потпишувањето на договорот, Леони откри дека негов идол е сега новиот соиграч во Ливерпул, Ван Дајк.

„За мене, тој е најдобриот дефанзивец во светот. Сакам да се сретнам со него што е можно поскоро“, изјави Леони.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk