logo
logo
logo

ОФИЦИЈАЛНО: Бензема го раскина договорот со Реал (М)!

Vecer | 04.06.2023

ОФИЦИЈАЛНО: Бензема го раскина договорот со Реал (М)!

Реал (М) предмалку на својата официјална веб-страница го потврди она за што медиумите шпекулираа со денови. Карим Бензема го напушта „кралскиот клуб“ и по се изгледа се сели во Саудиска Арабија. По долги години минати на „Бернабеу“ со статусот на голема легенда на клубот, Французинот и официјално го напушта Реал и ќе продолжи на Блискиот Исток.

Во официјалното соопштение од Реал (М) се вели:

„Реал Мадрид и нашиот капитен Карим Бензема се договорија да го прекинат неговиот брилијантен и незаборавен период како играч на нашиот клуб. Реал Мадрид сака да ја покаже својата благодарност и сета своја наклонетост кон човекот кој е веќе една од нашите најголеми легенди. Карим Бензема пристигна во нашиот клуб во 2009 година, на само 21 година и беше фундаментален играч во ова златно доба од нашата историја. Во текот на четиринаесетте сезони во кои го бранеше нашиот дрес, тој освои 25 титули, рекорден број за Реал Мадрид: 5 европски купови, 5 светски клупски првенства, 4 европски супер купови, 4 лиги, 3 национални куп трофеи и 4 шпански Суперкупа. Мадридистите и сите навивачи ширум светот уживаа во неговиот магичен и уникатен фудбал, кој го направи еден од големите митови на нашиот клуб и една од големите легенди на светскиот фудбал. Реал Мадрид е и секогаш ќе биде негов дом и нему и на целото негово семејство му посакува се најдобро во оваа нова фаза од неговиот живот. Следниот вторник, 6 јуни, во 12:00 часот, ќе се одржи средба за збогување со Карим Бензема, со присуство на нашиот претседател Флорентино Перез“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk