logo
logo
logo

Официјално: Вардар Форино во понизок ранг, третиот круг ВМФЛ – запад со девет клуба...

Vecer | 01.03.2021

Официјално: Вардар Форино во понизок ранг, третиот круг ВМФЛ – запад со девет клуба...

Откако Вардар Форино во саботата не го одигра мечот од 17.коло во ВМФЛ – запад против Гостивар, а му беше втор оваа сезона неодигран, и официјално е дека овој клуб се сели во најнизок ранг. Саботниот меч го доби Гостивар со службени 3:0, така ќе биде и во сабота, во рамите на 18.коло кога Велешта ќе го добие натпреварот со службени 3:0.

Ако се знае дека по тоа 18. коло следува третиот круг, тогаш Втората лига – запад ќе брои девет клуба, значи во секое коло ќе има по еден слободен тим.

Такви се правилата, такви се прописите. На Вардар Форино долго време му требаше да дојде до Втората лига, а сега експресно, зошто не оидгра два меча сезонава ја напушта оваа лига.

Да се надеваме дека луѓето во Форино во блиска иднина сепак ќе најдат спонзори и клубот колку толку ќе живее.

Да кажеме дека деновиве надлежните во Фудбалската федерација на Македонија ќе одржат седници и ќе го потврдат исклучувањето на Вардар Форино од ВМФЛ – запад.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk