logo
logo
logo

Одлучена е судбината на Мбапе! Еве и докази... (ВИДЕО)

Vecer | 14.05.2021

Одлучена е судбината на Мбапе! Еве и докази... (ВИДЕО)

Килијан Мбапе, и покрај големата желба на Реал Мадрид се чини дека и наредната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ. Него договорот му истекува во јуни следната година, и ако сака некој да го купи ова лето ќе мора да плати најмалку 150 милиони евра отштета. Во моментов таков клуб нема.

Одлуката на ПСЖ младиот офанзивец да остане до крајот на следната сезона, без разлика дали ќе потпише нов договор, без разлика дали клубот од Париз ќе загуби многу пари или малку пари.

Доказ за тоа дека Мбапе ќе остане во ПСЖ е презентацијата на новиот дрес на “светците“ за следната сезона наречен “ПСЖ – Џордан“ инспириран од најдобриот кошаркар на сите времиња.

Ако веќе ПСЖ во главна улога на презентацијата го става токму Мбапе, тогаш јасно е што значи тоа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk