logo
logo
logo

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ први финалистки во плеј-офот

Vecer | 06.04.2021

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ први финалистки во плеј-офот

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ вторпат ја совладаа екипата на Струмица жени, овој пат со 3:0 (25:22, 25:21 и 25:19) на гостински терен и со 2-0 во победи ја минаа полуфиналната серија од разигрувањето.

Во скопската пресметка, Работнички Скопје триумфираше над Вардар жени 2019 со 3:1 (25:21, 25:13, 14:25 и 25:15) и израмни на 1-1 во партии, така што за пласман во финалната серија ќе решава натпреварот в петок на којшто „црвено-црните“ ќе играат на домашен терен.

Во малата сала на арената „Борис Трајковски“, освојувачките на двојната круна од 2019 им се реваншираа на ривалките за поразот на саботниот дуел од полуфиналето во разигрувањето за титулата, како и за загубениот дуел во истата фаза од годинашниот куп. Работнички Скопје беше поконцентриран, примаше подобро и како резултат на тоа ги користеше нападите преку Србинката Терзиќ и преку Стојанова, а освои дури осум поени повеќе од блок и од сервис, така што во поголемиот тек од натпреварот играше со значителна резултатска предност. Вардарки не можеа да организираат напад како последница на лошиот прием, па Кубанката Агуеро заврши со скромен ефект од 11 поени, а Ковачевиќ забележа 13. Кај Работички Скопје, Терзиќ освои 17, а Стојанова 10.

Во македонскиот машки одбојкарска шампионат, полуфиналето ќе почне следниот викенд, Полуфиналните двојки се Џио Струмица – ГОК Борец и Универзитет во Тетово – Вардар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk