logo
logo
logo

Од утре во продажба: Македонија - Словенија за 300 денари на „Јужна“

Vecer | 28.05.2021

Од утре во продажба: Македонија - Словенија за 300 денари на „Јужна“

Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, од сабота, 29. мај започнува со продажба на билети за пријателскиот натпревар на македонската репрезентација против Словенија кој ќе се одигра на 1. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Влезниците чинат 300 денари за јужната трибина и 200 денари за источната трибина од Националната арена „Тодор Проески“.

Капацитетот на Националаната арена е ограничен на 30 %.

Строгите здравствени ограничувања и протоколите на УЕФА за заштита од Ковид-19 се причините поради кои на северната трибина ќе биде дозволено присуство само на лица од двете репрезентации, лица од ВИП секторот и службата за организација на натпреварот.

Фудбалската федерација на Македонија билетите од западната трибина ќе ги распредели за верните навивачи на Македонија од навивачките групи кои покажаа интерес за присуство на натпреварот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk