logo
logo
logo

Од 2023 година Формула 1 ќе се вози во Мадрид

Vecer | 19.02.2021

Од 2023 година Формула 1 ќе се вози во Мадрид

Управата на малото гратче Мората де Тахунха, лоцирано на 40 километри од главниот град на Шпанија, Мадрид, планира да изгради патека за Формула 1 до летото 2023 година. Патеката најверојатно е договорено да влезе во календарите за Формула 1 и Мото ГП.

Приватната компанија „Streammotorfire“ веќе го набавила градежното земјиште од 34 хектари каде ќе се гради автодромот, но во иднина областа ќе биде проширена. Се очекува во изградбата да бидат инвестирани 12 милиони евра.

Градоначалникот на градот, Анхел Санчез, уверува дека ваквиот проект ќе му даде нов живот на еден мал град. Покрај настани како трки во Формула 1 и Мото ГП, на патеката ќе се одржуваат и концерти и разни настани.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk