По се изгледа Зинедин Зидан од идната сезона нема да седи на клупата на Реал Мадрид. Така е тоа, може да освоиш многу титули, но една лоша сезона може да расипе се. Затоа веќе наголемо се шпекулира дека популарниот „Зи-Зу“ нема да биде дел од „кралевите“ со кои во оваа сезона е далеку од шампионската титула.
Затоа обложувалниците веќе почнаа да даваат коефициенти за неговите наследници. Најголеми шанси, односно најмал коефициент му даваат на екс тренрот на Милан и на Јувентус, Масимилијано Алегри. За превземање на клупата на Реал, тој има коефициент 4.
По него следуваат легендите на „кралевите“ Раул и Гути. За Раул коефициентот е 5, додека за Гути дека ќе биде нов тренер на Реал е 7.