logo
logo
logo

Ново одложување на мечот Јувентус - Наполи

Vecer | 12.03.2021

Ново одложување на мечот Јувентус - Наполи

Раководството на италијанската Серија „А“ одлучи дополнително да го помести мечот Јувентус – Наполи кој беше закажан на 17. март.

Двата клуба испратија барање да се помести натпреварот, а челниците излегоа во пресрет и го закажаа за 7. април.

Овој меч требаше да се игра уште 4. октомври, но поради случаи на коронавирус во Наполи, најпрво беше регистриран со службена победа на Јувентус, а потоа по жалбата на клубот од Неапол, одлучено е да се игра.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk