logo
logo
logo

Ново лето, нова сага: Барселона повторно оди по Бразилецот!

Vecer | 01.05.2021

Ново лето, нова сага: Барселона повторно оди по Бразилецот!

Тој во редовите на ПСЖ дојде пред четири години од Барса за рекордни 222 милиони евра, но на почеткот не се снајде најдобро. Сакаше да се врати во Шпанија, но трансферот пропадна.

Но, како се приближува новиот летен преоден рок, така шпанските медиуми почнаа со нови шпекулации, Нејмар повторно би можел да се врати во каталонскиот гигант.

Шпански „RAC1“ утринва објави дека токму овој фудбалер ќе биде главен приоритет на Барса. Лапорта веќе стапил во контакт со Бразилецот, кој пак не крие дека би сакал да се врати во тимот со кого бележеше успеси.

Во прилог на Барса и оди фактот дека Нејмар веќе со месеци одбива да потпише нов договор, што пак значително ќе ја намали неговата цена во случај да сака да си замине ова лето.

Шпанските медиуми велат дека и раководството на Барса стапиле во контакт со ПСЖ, кои одбиле да преговараат. Но, јасно е дека Лапорта нема да се откаже.

Пред две години Барселона нидеше 130 милиони евра, дури и тројца фудбалери, но во последен момент оваа понуда беше одбиена.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk