Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе стане нов селектор на француската репрезентација веднаш по Светското првенство. Тој ќе го заземе местото на сегашниот селектор Дидие Дешамп.
Според информациите од познатиот новинар Фабрицио Романо, 53-годишниот специјалист веќе дал согласност да ги преземе „петлите“. Во моментов, двете страни постигнале усмен договор, но официјалните документи сè уште не се потпишани.
Во јануари минатата година, Дидие Дешамп објави дека ќе ја напушти својата функција по завршувањето на Светското првенство во 2026 година.
Тренерската кариера на Зидан досега е целосно помината во Реал Мадрид – во периодите 2016–2018 и 2019–2021. Под негово водство, „кралевите“ освоија две титули во Шпанија и ја освоија Лигата на шампионите во три последователни години.