logo
logo
logo

Убави вести за Флик и Барса: Гави им се врати на тренинзите!(ВИДЕО)

Vecer | 20.02.2026

Убави вести за Флик и Барса: Гави им се врати на тренинзите!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Убави вести за Ханси Флик и за сите во Барселона. Еден од клучните играчи за за врска, Гави, денес ги продолжи тренинзите со првиот тим, што е голем чекор кон неговото враќање во игра, објавува „Мундо Депортиво“.

Во септември, андалузиецот повторно беше опериран на десното колено откако беше откриено дека има повреда на медијалниот менискус. Пред тоа, тој пропушти речиси една година поради скинати вкрстени лигаменти на истото колено.
Во последните денови, Гави го зголемуваше обемот на работа и денес, за прв пат, им се придружи на соиграчите на вежби на почетокот на тренингот на Каталонците.

Клубот од „Камп Ноу“ сè уште не одреди рок за враќање на Гави во тимот. Ова зависи од напредокот во наредните недели.
Па, по лошиот период, Ханси Флик доби добри вести втор ден по ред, откако вчера стана јасно дека Педри и Рашфорд се опоравиле и ќе се вратат во групата на Барселона за натпреварот со Леванте.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk