logo
logo
logo

Нова ужасна вест за Зидан!

Vecer | 19.02.2021

Нова ужасна вест за Зидан!

Нема крај на малерите за Зинедин Зидан. Уште една ужасна вест за стратегот на Реал Мадрид. А таа вели дека Карим Бензема, главниот напаѓач на “кралевите“ на последниот тренинг се повредил и дека не се знае колкава ќе биде паузата. Јасно е дека нема да биде во тимот претстојниот викенд на мечот со Ваљадолид на гости, и нема да биде во тимот наредната недела против Аталанта во Лигата на Шампионите.

Велиме нов малер за “кралевите“ зошто се знае дека Бензема се приклучи на долгиот список на играчи на кои Зидан не смета. Покрај Французинот, тука се и Серхио Рамос, Едер Милитао, Дани Карвахал, Алваро Одриозола, Марсело, Валверде, Еден Азар и Родриго.

Со оглед на тоа дека Лука Јовиќ го нема, Зидан сега мора на местото прв напаѓач да смета на Маријано Дијаз.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk