logo
logo
logo

Нов проблем за Металург, се повреди Маркоски

Vecer | 14.02.2021

Нов проблем за Металург, се повреди Маркоски

Од Плоцк (Полска), Марија Ковачева

Тренерот на Металург, Оливер Димитриоски се соочува со нови проблеми. На две минути до крајот на првото полувреме остана без искусниот дефанзивец, Велко Маркоски.

Некогашниот македонски репрезентативец поради кратката клупа мораше да одигра и во напад. Маркоски незгодна доскокна, првично изгледа дека станува збор за повреда на скочниот зглоб, дали станува нешто за посериозно ќе биде познато нешто подоцна.

Металург на полувремето има негатива oд пет гола (9-16) против Висла Плоцк. Серафимов има пет гола, по два запишаа Поповиќ и Митиќ. Дупјанчанец запиша седум одбрани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk