logo
logo
logo

Нов проблем за дефанзивецот на Барса: Кристенсен повторно опериран

Vecer | 19.11.2024

Нов проблем за дефанзивецот на Барса: Кристенсен повторно опериран

28-годишниот одбранбен играч на Барселона, Андреас Кристенсен, бил подложен на уште една операција на двете тетиви и сега ќе мора да остане надвор од теренот уште најмалку два месеци.

Овојпат, данскиот дефанзивец се одлучи за „клеточна регенеративна терапија“ и оваа процедура сега најверојатно ќе го остави надвор од теренот до следната година, некаде до крајот на јануари 2025 година. Сепак, ова може да има и други импликации освен само спортските.

Прво, поради недостапноста на Кристенсен на негово место беа регистрирани Дани Олмо и Пау Виктор. Сега, со оглед на тоа што за неговото враќање ќе треба уште малку време, останува да се види што ќе се случи со регистрациите што завршуваат во јануари и дали тренерот Флик ќе го врати во тимот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk