logo
logo
logo

Нов личен рекорд на Роналдо: Погодил на сите стадиони во Италија на кои играл

Vecer | 15.03.2021

Нов личен рекорд на Роналдо: Погодил на сите стадиони во Италија на кои играл

Кристијано Роналдо со три гола ја донесе победата на Јувентус над Каљари (3:1) на „Сардинија арена“. Овој хет-трик беше 57. во кариерата на португалскиот напаѓач, а исто така има 770 голови во професионалната кариера со што го помина и легендарниот бразилски играч Пеле по бројот на голови.

А она што е уште поинтересно Роналдо стигна до личен рекорд. Тој за прв пат погоди на „Сардинија арена“ и со тоа има голови на сите стадиони во Италија на кои што играл. Токму овој во Сардинија не му беше на списокот но од вчера го пречкрта.

Во актуелната сезона во Серија А, Роналдо реализирал 23 гола и три асистенции во 23 натпревари за „Старата дама“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk