logo
logo
logo

Нов Ковид-19 проблем за НБА: Одложени следните три меча на Сан Антонио

Vecer | 16.02.2021

Нов Ковид-19 проблем за НБА: Одложени следните три меча на Сан Антонио

Три натпревари од регуларната сезона во НБА лигата на кои требаше да се појави тимот на Сан Антонио Спарс се одложени поради зголемен број на заразени со коронавирусот во рамките на клубот.

Во понеделникот, мечот на Сан Антонио со Детроит беше одложен откако беше откриен случај на коронавирус кај еден од кошаркарите на тексашаните. Во карантин влегоа и неколку други играчи на Сан Антонио кои можеби биле во близок контакт со него.

Денеска НБА лигата потврди дека има уште четири случаи на заразени во тимот. Затоа веднаш се одложени натпреварите кои тимот на Грег Попович требаше да ги игра со Кливленд (18 февруари), Њујорк (20 февруари) и Индијана (23 февруари).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk