Познатата хрватска пеjачка, модел, глумица и писателка, како и старлета родена како Нивес Зељковић, а позната како Нивес Целзиус, на својот инстаграм се пофали дека е во Скопје да игра да турнир во фал фудбал, против Србија.
Од хотелскиот кревет се пофали со турнирот, а од претседателската вила Водно се пофали дека била на прием кај претседателот Стево Пендаровски.
И ги усреќи и припадниците на Гардата кои ја чуваат вилата Водно, бакнувајќи ги од прв до последен.
Има таа постирано и посекси фотографии од нејзиниот престој во Скопје, кои можете да ги погледнете на нејзиното стори на Инстаграм
Фото: принтскрин инстаграм НивесЦелзиус
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата