logo
logo
logo

Николов: Подготвени сме за се што следува, само нека не потценат Австријците

Vecer | 27.05.2021

Николов: Подготвени сме за се што следува, само нека не потценат Австријците

Македонската фудбалска репрезентација веќе втор ден како тренира, работи и се подготвува за Европскиот шампионат.

Бобан Николов, еден од нашите најстандардни репрезентативци смета дека Македонија уште сега може да тргне за Романија, затоа што сите се чувствуваат подготвени и мотивирани да „изгинат“ во националниот дрес.

„Подруго е чувството затоа што ќе бидеме подолг период заедно. Се подготвуваме напорно, тренираме,  и ќе бидеме  максимално подготвени. Се надевам дека ќе бидеме на потребното ниво на следните мечеви против Словенија односно Казахстан.

Најважно е да бидеме сите здрави, затоа што ете видовте што се случи со Барди. Сите сме оптимисти и дека Енис е херој и ќе го преброди сето ова. Има целосна подршка од сите нас“ – вели Николов па додава.

Австрија нека не потцени, тоа ни одговара

Искрено кажано, мислам дека сме максимално подготвени за она што следува. И физички и ментално. Подготвени сме да ја направиме Македонија уште еднаш горда. Огромна е разликата помеѓу играњето за клуб и играњето за репрезентација.

Знаеме да се носиме со притисокот. Дека кога било најтешко секогаш сме покажувале карактер. Оваа репрезентација има сила има мкапацитет, и сигурен сум дека цел Балкан ќе навива за Македонија. Доволно сме искусни, шест години сме заедно и подготвени сме за предизвикот. Слушам дека Авсријците изјавуваат за нас дека сме лесен противник на стартот од шампионатот, тоа е мотив за нас повеќе да ги изненадиме“ – истакнува Николов.

 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk