logo
logo
logo

Никола Ристески официјално во Работнички

Vecer | 05.02.2021

Никола Ристески официјално во Работнички

Најновото засилување на тимот на Работнички, Никола Ристески и официјално предмалку беше претставен во клупските простории.

Досегашниот играч на Борец, кој по вокација е десен бек но може да одговори со сигурност и на стоперската позиција, му се приклучува на тимот на Работнички во самиот финиш на преодниот рок, како уште едно квалитетно засилување, со кое тимот ќе биде уште поконкурентен на пролет.

„Среќен сум што постигнав договор со Работнички, клуб со голема традиција и шампионско педигре во Македонија и надвор од нашите граници. Се надевам дека ќе дадам полн придонес во обидот тимот да ја оствари зацртаната цел во пролетниот дел од сезоната и понатамошните предизвици. Познавам голем дел од соиграчите и мислам дека брзо и успешно ќе се вклопам во новата средина“, изјави Никола Ристески.

Ристески потпиша двегодишен договор со клубот од Дебар маало.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk