logo
logo
logo

Никола Митревски: Никој во светот нема ваква публика!

Vecer | 17.01.2022

Никола Митревски: Никој во светот нема ваква публика!

И покрај поразот од Данска убава атмосфера во „Феникс“ Арена во Дебрецен. Во текот на целиот меч вечрва напите момци ја имаа и тоа како поддршката од „Фалангата“. Затоа и голманот Никола Митревски јавно и се заблагодари…

Да и се заблагодарам на публиката која што повторно дојде во голем број да не бодри. Не застана на сите три натпревари по 60 минути со својата поддршка, а за вечерва што да се каже. И покрај три порази ваква поддршка, вакви фанови никој нема на светот. Ова покажува дека во еден сегмент сме најдобри“ посочи Митревски.

Тој во продолжение кажа дека и покрај се Македонија не се посрамотила.

Настапивме без неколкумина стандардни, имавме големи пехови со повреди и позитивни. Факт е дека немаме доволен број квалитетни играчи, и кога еден ќе се повреди тогаш си имаме проблеми. Да не заборавиме дека игравме без Лазаров и без Манасков. Сепак на крајот сметам дека не се посрамотивме туку добивме искуство. Добивме неколку млади деца. Ние не одиме натаму на ова ЕП, но уште сега сме со мислите кон идните натпревари, кон баражите“ заврши Митревски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk