logo
logo
logo

Никој како Унаи Емери - Шпанецот влезе во историјата на евро-куповите

Vecer | 07.05.2021

Никој како Унаи Емери - Шпанецот влезе во историјата на евро-куповите

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери влезе во историјата на европските клупски турнири откако ја предводеше „жолтата подморница“ до финалето на Лигата на Европа. Ова стана факт откако неговиот тим го елиминира Арсенал во полуфиналето.

Така, 49-годишниот Шпанец стана првиот тренер кој стигнал до пет финалиња на едно од континенталните натпреварувања на УЕФА.

По четири финалиња во ЛШ има сер Алекс Фергусон, Карло Анчелоти и Марчело Липи.

Емери три пати ја освојуваше Лигата на Европа во својата кариера и тоа со Севиља од 2014 до 2016 година. Со Арсенал стигна до финалето на Лига Европа во 2019 година но загуби од Челзи. Сега му успеа и со Виљареал.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk