logo
logo
logo

Никој како Абрамович: 14 тренери, 17 титули и една цел - најдобра академија

Vecer | 31.05.2021

Никој како Абрамович: 14 тренери, 17 титули и една цел - најдобра академија

И покрај честите критики за неговото раководење со лондонскиот гигант Челзи, рускиот магнат Роман Абрамович успеа да го претвори клубот од Западен Лондон во неприкосновен европски гигант за 18 години „владеење“. „Сините“ одлично се снаоѓаат и во младинска и во сениорска конкуеренција, каде освојуваат титули како од „шега“, а интересно, таа тенденција на ја нарушија нити честите тренерски промени.

Според некои информации, Томас Тухел за првпат (лично) се сретнал со сопственикот на клубот  во саботата, кога лондончани ја прославуваа освоената европска титула на зелениот терен на стадионот Драгао во Порто. Челзи стигна до третото финале во Лигата на шампионите и покрај промената на тренерот во средина на сезоната. Лондончаните во првото финале во Москва 2008-та ги водеше Аврам Грант, а потоа до првата титула ги предводеше Роберто ди Матео четири години подоцна во Минхен. Интерено и тогаш Италијанецот седна на клупата нешто помалку од три месеци пред големото финале.

Повторно, потврден е фактот дека несигурната и недолговечна тренерска клупа на „Стемфорд Бриџ“, не е гаранција за неуспех. Сосема спротивното: ниту еден клуб во елитната Премиер лига нема освоено толку ловорики од 2003 година и направено толку тренерски замени како Челзи. Освен Суперкуповите, 17 големи трофеи завршија во витрините на лондончани под „палката“ на сопственикот Роман Абрамович , што според пресметките на спортскиот весник „Марка“ е најмногу на Островот: Манчестер Јунајтед (14), Манчестер Сити (13), Арсенал и Ливерпул (6) и Тотенхем (1).

Абрамович веќе потроши 2,2 милијарди евра во засилувања за 18 години, следен од Манчестер Сити (2,016 милијарди). Како што објасни поранешниот клупски спортски директор Френк Арнесен за Би-Би-Си, рецептот на Роман е прилично едноставен.

„Роман сакаше да ја има најдобра академија и најдобрите гледачи во светот. Составивме програма за дефинирање на стилот на игра од деветгодишна возраст. Тој ми нареди да трошам пари на младинската академија. На тој начин ќе заштедите милиони и ќе создадете корени“, рече тогаш Арнесен.

„Марка“ укажува и на одличната работа во младинскиот погон, каде лондончани освојуваат титули како од „шега“ повеќе од една декада. Во минатото, управата на клубот беше обвинувана дека нема доволно трпеливост со своите најдобри млади фудбалери и казната од ФИФА која им забрани трговија во два трансфер мандати во 2019 година се покажа како скриен благослов, бидејќи Лампард беше принуден да смета на некои млади играчи кои конечно експлодираа на крајот од штотуку завршената сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk